Премиерот Ковачевски на лидерска средба со претседателите на парламентарните партии
Денеска, 4.12.2023 година (понеделник), со почеток во 12:00 часот, на покана на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ќе се одржи лидерска средба на претседателите на парламентарните партии.
Лидерската средба ќе се одржи во Кристалната сала, во Собранието на Република Северна Македонија.
Снимателите и фотографите ќе имаат можност да направат фотографии и видео инсерти на почеток на средбата. По завршувањето на средбата е предвидена изјава за медиумите на премиерот Димитар Ковачевски, која исто така ќе се одржи во Кристалната сала во Собранието.
Новинарите, снимателите и фотографите во Собранието на Република Северна Македонија е потребно да пристигнат најдоцна до 11:40 часот.