Премиерот Ковачевски ќе положи цвеќе и ќе се обрати по повод одбележување на државниот празник 8 Декември – Свети Климент Охридски
Владата на Република Северна Македонија, под мотото „Свети Климент Охридски, извор на нашата духовност и образование", утре, 8.12.2023 година (петок) со пригоден настан ќе го одбележи државниот празник, 8 Декември - Свети Климент Охридски.
Централниот настан за одбележување на празникот ќе се одржи во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
Одбележувањето на државниот празник ќе започне во 10:45 часот, со положување свежо цвеќе пред споменикот на Свети Климент Охридски на платото пред НУБ „Свети Климент Охридски“. Владината делегација ќе ја предводи претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, а во состав на делегацијата се Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик-министерка за правда и Беким Реџепи, заменик-министер за транспорт и врски.
Во 11:00 часот во НУБ „ Свети Климент Охридски“, започнува свечениот настан за одбележување на државниот празник, на кој ќе се обрати претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски.
Линк до видео од одбележувањето државниот празник 8 Декември - Свети Климент Охридски: