Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска претседаваше со седмата седница на Советот на Националната инфраструктура на просторни податоци (НИПП).
На седницата стана збор за повеќе актуелни прашања кои се поврзани со реализираните активности во 2023 година, а кои беа составен дел од Годишниот извештај за реализација на Годишната програма за НИПП за 2023 година, кој беше усвоен од страна на Советот.
На дневен ред на седницата се најде и Предлог-годишната програма за НИПП за 2024 година, за која Советот позитивно се произнесе, а со што истата ќе се најде и на седница на Владата на Република Северна Македонија.
Советот ја усвои и Предлог-Уредбата за формата и содржината на Регистарот на збирки на просторни податоци, која произлегува како обврска од измените и дополнувањата на Законот за НИПП на Република Северна Македонија.