Премиерот Ковачевски ќе присуствува на настан по повод промената на дејноста, видот и називот на институцијата ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај деца ,,Козле” - Скопје

На 22 декември 2023 година (петок) во13:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе присуствува и ќе се обрати на настан по повод промената на дејноста, видот и називот на институцијата ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај деца „Козле“ - Скопје.

Дејноста на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле - Скопје е вршење специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита и здравствена дејност на терцијарно ниво од областа на респираторните заболувања кај децата и цистичната фиброза, изведување образовна дејност, вршење усовршување на здравствените работници и научно-истражувачка дејност.

Локација

Календар Влада: 
Петок, Декември 22, 2023 - 13:00 to 14:00