Потпишување на договорот за почеток на реконструкцијата на двата студентски дома „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“, во Скопје
На 29.12.2023 година (петок) во 12:30 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе се обрати и ќе присуствува на потпишувањето на договорот за реконструкцијата на двата студентски дома „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“, во Скопје.
На настанот обраќања ќе имаат и Јетон Шаќири, министер за образование и наука , Штефен Худолин, Вршител на Должност Амбасадор на ЕУ и Ото Граф, заменик амбасадор на СР Германија, по што ќе биде потпишан договорот.
Реконструкцијата е во рамки на Проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските дома во Република Северна Македонија со кој се опфатени сите 9 државни студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид. Согласно утврдената динамика, реализацијата на работите е предвидена во 3 фази.
Настанот може да го проследите во живо на следните линкови:
Потпишување на договор за реконструкцијата на студентските домови
Signing of a Reconstruction Agreement for Student Dormitories
Nënshkrimi i marrëveshjes për rikonstruksionin e konvikteve studentore
Заинтересираните сниматели и фоторепортери, замолуваме да пристигнат во Медија Центарот во 12:15 часот, на настанот не се предвидени новинарски прашања.