Премиерот Ковачевски ќе го пречека премиерот на Ирска, Варадкар, кој е во официјална посета на Република Северна Македонија
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски на 12.01.2024 година (петок) во 14:30 часот ќе го пречека премиерот на Ирска, Лео Варадкар, кој е во официјална посета на Република Северна Македонија.
Премиерот Варадкар, ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести.
Видео материјалот од официјалниот пречек може да се преземе во висока HD резолуција преку следниот линк:
Линк до видео од официјалниот пречек
Според агендата за официјалната посета на премиерот на Ирска, Варадкар на земјава, веднаш по церемонијата на пречекот е предвидена тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе следува билатерална средба на двете делегации.
Во составот на македонската делегација ќе бидат и заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу.
Премиерот Ковачевски и премиерот на Ирска, Варадкар, ќе одржат заедничка прес-конференција во Медија Центарот на Владата во 15:30 часот.
Видео материјалот од заедничката прес-конференција на премиерот Ковачевски и премиерот на Ирска, Варадкар, може да се преземе во висока HD резолуција преку следните линкови:
Прес-конференцијата на македонски јазик
Прес-конференцијата на албански јазик
Прес-конференцијата на англиски јазик