Премиерот Ковачевски ќе присуствува на одбележувањето на Богојавление- Водици во Скопје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски на 19.01.2024 година (петок), ќе присуствува на одбележувањето на големиот христијански празник, Богојавление- Водици, во Скопје.

Со премиерот Ковачевски ќе присуствува и министeрот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.  

Претседателот на Владата Ковачевски и министерот Спасовски предвидено e да пристигнат на мостот „Слобода“ во 11:30 часот и ќе присуствуват на осветувањето на водите на реката Вардар и на положување на светиот крст.

Ве покануваме да го проследите настанот.

Календар Влада: 
Петок, Јануари 19, 2024 - 11:30 to 12:30