Премиерот Ковачевски домаќин на лидерскиот состанок посветен на Планот за раст за Западен Балкан, усвоен од Европската Комисија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски на 22.1.2024 година (понеделник) ќе биде домаќин на состанокот на лидерите од регионот посветен на Планот за раст за Западен Балкан, усвоен од Европската Комисија.

Локација: Хотел „Хилтон“ во Скопје

Согласно програмата, пред почетоток на состанокот, премиерот Ковачевски, како и официјалните учесници ќе имаат изјава за медиумите.

Линк за следење на почетните изјави во 09:00 часот

Изјави за медиуми се очекува да имаат и Александар Вучиќ, претседател на Република Србија, Еди Рама, претседател на Владата на Република Албанија, Албин Курти, претседател на Владата на Република Косово, Милојко Спајиќ, претседател на Владата на Црна Гора, Герт Јан Копман, генерален директор за соседство и преговори за проширување во Европската Комисија, како и  Џејмс О'Брајан, помошник државен секретар за Европски и Евроазиски прашања на САД.

Согласно програмата, по воведните изјави, следи состанокот на лидерите на Западен Балкан во 09:45 часот кој може да го проследите во живо на следните линкови:

Обраќањата на македонски јазик

Обраќањата на албански јазик

Обраќањата на англиски јазик

На лидерскиот состанок, видео обраќање ќе има и Борјана Кришто, претседавач со Советот на министри на Босна и Херцеговина.

Дополнително, на средбата ќе присуствуваат и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за финансии Фатмир Бесими, како и нивните колеги од земјите од Западен Балкан. Ќе присуствуваат и претставници на регионалните организации, Регионалниот совет за соработка, ЦЕФТА и Коморскиот инвестициски форум на Зaпaден Балкан- 6, УСАИД, потоа Фондација отворено општество, Центарот за Европа, Атлантски совет, како и повеќе меѓународни финансиски институции, Европската инвестициона банка, Европската банка за обнова и развој и Светска банка.

Потоа, во 12:15 часот предвидена е заедничка прес-конференција на лидерите, која може да ја проследите во живо на следните линкови:

Прес-конференцијата на македонски јазик

Прес-конференцијата на албански јазик

Прес-конференцијата на англиски јазик

Прес-конференцијата на српски јазик

Прес-конференцијата на црногорски јазик

На настанот присуствуваат медиумите кои го завршија процесот на акредитација.

Календар Влада: 
Понеделник, Јануари 22, 2024 - 09:00 to 13:00