Премиерот Груевски се сретна со губернаторот на Ленинградската област Дрозденко

 

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски денеска(петок, 22.06.2012 година) оствари средба со губернаторот на Ленинградската област, г-дин Александар Дрозденко.

На средбата се разговараше за можностите за интензивирање и продлабочување на соработката на сите нивоа од взаемен интерес.Беа опфатени темите од областа на економската соработка, зголемување на трговската размена и инвестициите. Премиерот го запозна губернаторот со поволностите кои ги нудиме на странските инвеститори и со општите економски движења и индикатори во Република Македонија.

Губернаторот Дрозденко многу позитивно ги оцени нашите мерки и активности за привлекување странски капитал, особено фактот на најнизок даночен пакет во Европа.Тој изрази лична заложба неговата администрација интензивно да лобира кај стопанствениците за да инвестираат во Република Македонија и подготвеност за размена на посети и делегации на групи бизнисмени во функција на продлабочување на контактите и односите за реализација на конкретни проекти.

Соговорниците изразија подготвеност за соработка и во други општествени сфери од заеднички интерес.