Министерката Јанкуловска во посета на полициската станица Македонски Брод
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска денеска беше во работна посета на полициската станица на Македонски Брод, со цел да се запознае со нејзиното функционирање заради нејзината специфичност во работата.
- Целта на посетата е во непосреден контакт со раковдството и надлежните овде да се запознаам како функционира станицата и со кои проблеми се среќаваат. Факт е дека на ова територија нема поголеми карактеристични кривични дела кои не се решени. Спецификата во работата на оваа полициска станица е тоа што таа покрива голема територија од околу 700 метри квадратни, во кои дел од националниот парк „Јасен“, рече Јанкулоска.
Од полициската станица ја уверија министерката дека безбедносната состојба е стабилна и немаат поголеми проблеми.
- Безбедносната состојба на подрачјето на полициската станица може да се оцени како поволна и стабилна. Сметам дека нема индиции да биде нарушена и оти нема некои сериозни проблеми со кои се соочуваме, изјави Марјан Анѓелкоски, командир на ПС Македонски Брод.
Ова е прва посета на надлежен министер на оваа полициска станица во последните дваесетина години
Министерката Јанкуловска се осврна и на вработувањето нови полицајци, за што огласот заврши деновиве.
- Сега ќе бидат вработени 300 полициски службеници на целата територија, што мора да се каже е симболична бројка ако се земе вкупниот број на вработени во Министерството. Сепак тоа е еден чекор во надополнување на бројката. Мора да се каже дека интересот на конкурсот навистина беше огромен, се пријавија 7.597 кандидати. Конкурсот заврши, тие што ќе бидат примени во зависност од афинитетите во наредниот период ќе бидат распределени во Министерството и во полициските станици во државава, рече Јанкуловска.