Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денес оствари средба со млади активисти, учесници на програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти, во партнерство со организации од Албанија и Србија (Science, Innovation and Development Centre и Иницијатива за човекови права).
На состанокот Вицепремиерот Маричиќ во дискусија со учесниците се осврна на важноста на евроинтеграцијата за младите и сите граѓани на државата и регионот. Учесниците зборуваа за регионалната соработка, младинското учество, одливот на мозоци и подобрување на образованието со цел задржување на младата работна интелектуална сила во државата. Теми кои ги засегнуваат младите се можностите за соработка, отворање на можности за вработување за млади и активизам за реализација на двојната транзиција на општеството: дигитална и зелена.
Вицепремиерот Маричиќ се потсети на деновите кога тој во зачетоците на својата професионална кариера, бил активен учесник во граѓанското општество со цел и визија дека овој систем заслужува голема промена до реализација на европското полноправно членство на државата.
Маричиќ во своето обраќање до учесниците порача дека приоритет за прогрес на општеството и за унапредување на животниот стандард со значителни социо-економски придобивки е можно само доколку Северна Македонија и регионот што поскоро се приклучи на Европската Унија.
„ Најдобра опција за стабилност и прогрес на државата е ЕУ, за сите млади но и за сите граѓани во неа, затоа не се откажуваме од нашата иднина!
На средбата присутни беа учесниците на програмата и координаторите на Програмата за истражување на младински и образовни политики во Младински образовен форум (МОФ).