Груевски: Очекуваме убедлива победа на локалните избори

Очекувам убедлива победа на локалните избори. Опозициската СДСМ е свесна за тоа и затоа уште сега кажуваат дека нема да им биде репер бројот на градоначалници што ќе го освојат тие и ние, туку советниците и учеството во општинските совети,  изјави премиерот Никола Груевски по промоцијата на нови преводи на стручни книги.

Тоа, според него, значи дека СДСМ знаат оти убедливо ќе изгубат и, како што рече, отсега си подготуваат терен дека за нив  не  е важен бројот на градоначалници што ќе го добијат колку што е важно нешто друго.

 - Индиректно, несвесно, потсвесно, ... јавно кажуваат дека на следните избори не очекуваат победа  бидејќи не знам како не може да им биде важно колку градоначалници ќе имаат на следните локални избори. Ако зборуваме за локални избори, а градоначалниците не им се репер, тогаш нешто или не е во ред со нив  или ние не ги арзбираме добро работите, рече Груевски, одговарајќи на новинарски прашања.  

Според него,  СДСМ практично на овие избори ќе се натпреварува сама со себе. Нереално е, посочи, да го победат ВМРО-ДПМНЕ и тоа го знаат и затоа ќе  се тркаат сами со себе да добијат неколку градоначалници повеќе од минатото, гласови  повеќе од минатото и да прогалсат дека граѓаните им веруваат повеќе отколку во минатото. Тоа  е нивна стратегија,  не им се мешам во тоа, но добро знам дека граѓаните ќе ги валоризираат напорите што ги дава ВМРО-ДПМНЕ за исполнување на она што е ветено, оцени премиерот.

Тој  истакна оти е цврсто убеден дека поддршката од граѓаните ќе биде кон ВМРО-ДПМНЕ, заради, како што рече, нашата посветеност, одговорност и  тоа што овие тешки околности на светска економска криза и последователна  европска должничка криза проследена со рецесиија правиме се што можеме да го исполниме тоа  што сме го ветиле. Очекува поддршка и затоа што смета оти проектите на Владата се видливи.

- Секој може да ги види, секој може да влезе во спортска сала, во реновирана болница, да ги види апаратите,  оние кои работат  во земјоделството да ги почувствуваат субвенциите. Можат да се видат над 200 локални  патишта што се изградија во изминатите години низ сите ошптини во државата  и многу други проектио кои се од секојдневна  корист за граѓаните, посочи Груевски.

За разлика од минатото, додаде, оваа политичка гарнитура  тоа што го ветува го исполнува или во целост или во најголем дел и тука граѓаните гледаат разлика. Таквата политика не знастанува ниту забваува таа држи темпо дури и во овие тешки услови на европска должничка криза  која има директно влијание на економијата во Македонија, на приходите во буџетите на централната и локалната власт. И покрај тоа вложуваме  максимални напори да го  испочитуваме тоа што сме го ветиле пред граѓаните, нагласи Груевски.

Најави дека ВМРО-ДПМНЕ претстојнава седмица ќе објави повик на кој својот интерес за кандидирање за градоначалничка функција од редовите на  нивната партија ќе може да го пројават членови на ВМРО-ДПМНЕ, но и тие што не се членови, а се поддржувачи на политиката на партијата.

Паларалелно со повикот владејачката партија ќе прибира и предлози од граѓаните за програми што би ги реализирале кандидатите за градоначалници. - Ова го отвораме за да дадеме широк простор на можни кандидати, да овозможиме  пристап до нас на  способни кандидати кои можеби  на некој начин не успеале досега да ги покажат своите квалитети. Сите што ќе достават кандидатури согласно огласот што ќе трае до крајот на август ќе бидат интервјуирани и ќе бидат разгледани нивните апликации и  програмата што ќе ја понудат, рече премиерот.

Очекуваат кандиодатури да достават и најголем дел од сегашните градоначалници и веројатно, како што рече,  добар дел ќе успеат да ја добијат повторно поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, но даваат простор за многу други кои  немаат пристрап до оние кои одлучуваат во партијата  да ги искажат своите квалитети, програма и идеи и да влезат во конкуренција  за кандидати на ВМРО-ДПМНЕ во сите општини на следните избори.

Според Груевски, со објавување јавен повик ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи  граѓаните да ги достават своите приоритети, идеи и предлози за подготовка на  програмите  на секој кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ.  Граѓаните, појасни,  би требало да достават предлози за тоа што  сметаат дека  од  следните локални  избори во март наредната година  до март 2017 година  е приоритет за нивната општина, кој  проект сметаат дека  е нужен и треба да се обрне најмногу внимание и треба да биде зваршен, кој проблем треба да биде решен...

Понуденото од граѓаните ќе се анализира  од стручни тимови од централно и  локално ниво   и ќе се создаде програма на приоритети.

- Ќе дојдат мноштво идеи, но она што е најважно и што теоретски може да се финансира во наредните четири години со буџетите на општините и со одредена поддршка  и на централната власт ќе биде ставено  во програмата на градоначалникот во консултација со него и во комбинација со проектите кои тој ќе ги понуди во неговата кандидатура. Овие две значајни работи се едно дополнително отворање кон граѓаните кои во себе носат способности  и сметаат дека можат да се кандидираат за градоначалници и кон сите кои сакаат да придонесат за развојот на нивната општина, истакна премиерот Никола Груевски.