Извршен директор на Eпсотех, Аламави: Започнува инвестиција од 20 милиони евра и отворање на 110 работни места коишто ќе бидат претежно во машинската и инженерската гранка

Добар ден Екселенции, дами и господа. Ви благодарам за вашето гостопримство. Навистина сум многу благодарен што ме примивте уште толку рано и навистина сум горд што можам да претставам она што се надевам дека ќе биде мошне долгорочна соработка меѓу нас.

Јас сум извршен директор на Eпсотех Македонија и морам да ви кажам дека сакаме да отвориме и да ги прошириме нашите активности со производствени капацитети тука во Скопје, односно да работиме на отворање на фабрика и на нови машини, ние веќе работиме на 6 гранки во светот и се надеваме дека ќе ги прошириме нашите активности и дејности и тука.

Ние имаме веќе 60 години искуство во овие производствени процеси и со нас носиме многу вештини и се надеваме дека тука ќе отвориме 110 работни места кои што ќе бидат претежно во машинската и инженерската гранка.

Во оваа прилика ние би сакале да започнеме со изградба на нова зграда, односно со инвестиција од некои приближно 20 милиони евра, кои што би ги инвестирале тука.