Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска во куртоазна посета го прими амбасадорот на Република Косово, неговата екселенција Флоријан Ќехаја, придружуван од конзулот Џеват Подворица.
На средбата, меѓу другото, беше договорено продлабочување на и онака одличната соработка меѓу двете земји и размена на искуства меѓу двете влади, а особено соработката меѓу Кабинетот на заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за политиките на доброто владеење и Канцеларијата за добро владеење при Канцеларијата на Претседателот на во Владата на Република Косово.