Вицепремиерот за добро владеење, Фетаи оствари средба со амбасадорот на Словенија, Прескер

Имав задоволство да го пречекам во куртоазна посета амбасадорот на Словенија, Н.Е Грегор Прескер.

Го изразив моето задоволство за одличните билатерални односи и соработка меѓу нашите две земји и му се заблагодарив на амбасадорот Прескер за континуираната поддршка на Словенија во процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ.

Се договоривме да ја зајакнеме соработката во доброто владеење и политиките за антикорупција, како билатерално така и во рамките на иницијативите на ЕУ, за да ги повториме добрите практики што ги спроведуваат нашите словенечки пријатели.