Заменик претседателот на Владата Фетаи на официјална средба во Косовска влада

Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за политиките на добро владеење Арбен Фетаи, на 1.8.2024 година во Владата на Република Косово, на покана на Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европска интеграција, развој и дијалог Бесник Бислими, реализираше официјална средба.

На состанокот се заклучи дека двете земји се пријателски земји и блиску соработуваат во повеќе области при тоа споделувајќи заеднички вредности и уверувања.

Северна Македонија и Косово се заложуваат за создавање услови за гарантирање на владеењето на правото, безбедноста и на просперитетот на двете земји и на поширокиот регион.

Двајцата хомолози се согласија дека треба да продолжи и да се зајакне соработката во повеќе области како што се патната инфраструктура, туризмот, одличните економски односи и длабоката поврзаност меѓу граѓаните на двете земји.

На средбата акцентот беше ставен на разгледување на можноста до крајот на годината да се организира заедничка седница на двете влади во Приштина, а во меѓувреме да се провери статусот на 11-те потпишани меморандуми на заедничката седница на двете влади одржана во 2022 година.

Во однос на патната инфраструктура што ги поврзува двете земји , повторно беше потенцирана потребата од што побрзо завршување на делницата Скопје-Блаце со што ќе се олесни движењето на граѓаните на двете држави и ќе се забрза протокот на стоки меѓу двете земји. Исто така беше потенцирано потребата од поврзување на двете земји преку изградба на патна инфраструктура помеѓу Тетово и Призерен, со што ќе се подобри и олесни поврзувањето на луѓето од двете страни на границата.

На срдечната средба беа отворени и слични актуелни теми од интерес за двете пријателски земји.