[Најава] Претседателот на Владата Мицкоски ќе присуствува на започнување на градежни активности за доградба на објектот Изворче во детската градинка Срничка во Аеродром
Почитувани, Ве известуваме дека денеска 13.08.2024 година (вторник) во 14:30 часот Претседателот на Влада на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на надзор на градежни активности за доградба и надоградба на детската градинка Срничка на објектот Изворче во Општина Аеродром.
Вредноста на проектот е околу 120.000.000 денари, заеднички финансиран со средства од Владата и Општина Аеродром, а рокот на изградба е 12 месеци.
Доградениот дел ќе претставува комплетен објект со сите неопходни содржини за згрижување на околу 170 деца од 0 до 6 годишна возраст.
Проект е од исклучително значење за жителите на Општина Аеродром, каде што живеат многу млади семејства со мали дечиња.
По завршување, изјава за медиуми ќе даде Претседателот на Владата, Мицкоски.
Локација:
https://maps.app.goo.gl/5zH9svcRzJMYi6RH6
Го покануваме Вашиот медиум да ја проследи изјавата.
Со почит,