Премиерот Мицкоски најави три нови можни инвестиции

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за потенцијални нови странски инвестиции посочи дека се преговара за три можни нови инвестиции во вредност од четвртина милијарда евра.

Преговараме со три можни нови инвестиции. Две се од веќе постојните производни капацитети – проширување на нивното производно портфолио, големи ќе бидат и значајни за домашниот производ. Второ, преговараме со една голема компанија, инвестиција во вредност од 150 милиони евра, во потесен круг сме со една голема европска земја која што е членка на ЕУ. Ние и тие се бориме, сега сме во фотофиниш, ако се биде како што треба се надевам дека во септември веќе ќе можеме и таа да ја објавиме. Заедно со овие двете проширувања ќе имаме отприлика уште четвртина милијарда евра нови инвестиции до крајот на годината што значително ќе влијаат врз БДП, најави премиерот Мицкоски и додаде:

Овие две проширувања се во автомобилската индустрија на веќе постојни инвестиции овде кај нас, а што се однесува до новата тоа е во да го наречам во индустријата за производство на суплементи.