Јавен оглас бр. – 6/2024 за вработување на (1) извршител за пополнување на посебно работно место во Кабинетот на генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија

Институција која огласува: 
Владата на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
04.09.2024

Врз основа на член 22 став 1 алинеја 6, став 5, став 8, став 11 алинеја 7, став 13 и став 14 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/2014, 199/2014, 27/2016, 35/2018, 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.143/2019 и 14/2020), член 22, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работните односи (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 27/2016, 120/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/2019, 267/2020, 151/2021, 288/2021 и 111/2023), член 21 став 1  од Деловникот за работа на Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 38/2001, 98/2002, 9/2003, 47/2003, 64/2003, 67/2003, 51/2006, 5/2007, 15/2007, 26/2007, 30/2007, 58/2007, 105/2007, 116/2007, 129/2007, 157/2007, 29/2008,  51/2008, 86/2008, 144/2008, 42/2009, 62/2009, 141/2009, 162/2009, 40/2010, 83/2010, 166/2010, 172/2010, 95/2011, 151/2011, 170/2011, 67/2013, 145/2014, 62/2015, 41/2016, 153/2016, 113/2017 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 228/2019,  72/2020, 215/2020, 309/2020, 41/2021, 56/2021 и 70/2022) и Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија бр. 04-8432/1 од 18.9.2020 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 6/2024

за вработување на (1) извршител за пополнување на посебно работно место во Кабинетот на генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија, заради извршување на работни задачи на посебен советник

Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, поради потребата од пополнување на посебно работно место, заради извршување на работни задачи на посебен советник во Кабинетот на генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија, за ангажирање на 1 лице на определено време, до истекот на мандатот на функционерот во чиј кабинет се вработува, објавува јавен оглас за следнава позиција:

 

1.Посебен советник за правни прашања во Кабинетот на генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија;

Потребни квалификации:

  • завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен -Правен факултет – правни студии;
  • одлично познавање на англиски јазик;
  • работа со компјутери;
  • со работно искуство од најмалку 10 години.

 

Дневно работно време од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок;

Нето плата 58.963,00 денари.

 

Покрај потребните квалификации предвидени за наведената позиција кандидатите треба да ги исполнуваат и следните:

 

Општи услови:

    • да е државјанин на Република Северна Македонија,
    • активно да го користи македонскиот јазик,
    • да е полнолетен,
    • да има општа здравствена способност за работното место,
    • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 

Со пријавата заинтересираните кандидати задолжително треба да ја достават следната документација:

  • своерачно потпишана пријава за работното место за кое се пријавуваат;
  • кратка биографија СV со задолжително наведен контакт телефон и адреса;
  • уверение за државјанство;
  • доказ за општа здравствена способност за работното место;
  • доказ дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  • диплома или уверение за завршен степен и вид на образование кое се бара за работно место;
  • доказ за познавање англиски јазик;
  • доказ за познавање на компјутерски вештини;
  • доказ за работно искуство.

Потребната документација во оригинал или копија заверена на нотар да се достави до Архивата на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на следнава адреса:

 

 

Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија

Сектор за човечки ресурси

бул. „Илинден“ бр. 2, 1000 Скопје

(со назнака „за оглас за вработување посебен советник“)

на другата страна на ковертот да се наведе работното место за кое се аплицира.

 

Рокот за доставување на потребната документација е три (3) работни дена сметано од денот на објавување на огласот во дневните весници.

Ненавремената и некомплетната пријава и документација нема да биде разгледувана.

По извршената селекција на пријавените кандидати за пополнување на наведеното работно место, избраните кандидати ќе бидат дополнително повикани на интервју во просториите на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија.

Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија ќе изврши избор во рокот пропишан согласно со член 23 став 2 од Законот за работните односи.