[Најава] Претседателот на Владата Мицкоски во работна посета на Брисел

Почитувани, Ве известуваме дека денеска 18.09.2024 (среда) до 20.09.2024 година (петок) Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски заедно со Министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и Министерот за европски прашања Орхан Муртезани ќе престојува во работна посета на Брисел.

Во Брисел Претседателот на Владата, Мицкоски заедно со лидерите од Западен Балкан ќе присуствува на ручек организиран од Претседателката на Европска комисија, Урсула Фон Дер Лајен.

Потоа, Претседателот на Владата Мицкоски ќе оствари состанок со Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел.

Претседателот на Владата Мицкоски ќе оствари состанок и со Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Состанок е предвиден и со Генералниот директор на генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР) Герт Јан Компан.

Оваа дипломатска средба на Претседателот на Владата Мицкоски е со цел интензивирање на досегашната соработка и е важна за процесот за пристапување на Северна Македонија кон Европската Унија.

На состаноците ќе бидат опфатени низа прашања кои се однесуваат на регионална стабилност, зголемена економска соработка, усогласување на реформите со европските стандарди, владеење на правото и бескомпромисната борба на Владата против корупцијата и криминалот.
Со почит,
Календар Влада: 
Среда, Септември 18, 2024 - 13:15 to Петок, Септември 20, 2024 - 13:15