Добар ден почитувани дами и господа, се надевам можам да зборувам на унгарски.
Драго ни е што можеме да бидеме тука во Северна Македонија, благодариме за поканата од македонската Влада и сакам да ви пренесам поздрави од народот на Унгарија, унгарскиот народ на македонскиот народ, бидејќи се работи за две пријателски држави.
Новинарите, би сакал да ве известам дека оваа денешна средба ни е 18 средба која јас и господинот Премиер ја реализиравме. И не е тајна дека партијата која ја претставува господинот Премиер и нашата Влада ФИДЕС се во братски односи, но ние никогаш не ги мешаме партиските работи и државните работи, но секогаш е добро да братски партии бидат на власт и заеднички можат да ги разменуваат своите делувања. Заради тоа го поканив господинот Премиер да дојде во Унгарија и следната Меѓувладина седница да ја реализираме во Унгарија.
Во оваа држава веќе трет пат доаѓам и тоа во најдобриот момент, затоа што оваа година прославуваме триесетгодишнина од воспоставување на дипломатските односи помеѓу двете држави. И тоа е добра прилика за тоа дека по нашите гледања и двата народи имаат долги историски традиции и двата народи цело ова време е карактеристично за двата народи борбата за зачувување на националните интереси и слободата. Важно е да ги зачуваме нашите идеали и националната гордост и мислам дека и вие ќе се согласите со нас дека за една нација е најважно да ја сочува својата национална гордост.
Најважната тема како што слушнавте од господинот Премиер е зачленување на Македонија во Европската Унија и Унгарија како претседавач на Европската Унија, логично беше да ја стави оваа тема и денеска за тоа најмногу зборуваме. Ставот на Унгарија е добро познат, многу е важно стабилност на Западно Балканскиот Регион и интеграција на Западно Балканскиот Регион во Европска Унија.
Зачленување на една држава тоа не е проблем и не е предизвик, туку е една огромна можност за сите држави кои се веќе членки на Европската Унија, па така и за Унгарија.
Сите видовме дека со зачленувањето сите добивме многу унапредување, но Европската Унија во меѓувреме ја загуби својата динамика и затоа мораме да обезбедиме проширување, затоа што тоа е најдобар начин. Ние не го одминуваме ни фактот дека Украина и Молдавија добиле на некој начин вонредно забрзани постапки за зачленување. Ние мораме да го имаме пред себе и геополитичкиот фактор, но мораме и тоа да го почитуваме дека државите кои веќе долги низ години работат на тоа да се зачленат во Европа, сега се ставени во втор план, а тоа не е чесно од наша страна.
И затоа ние од наша страна, како претседавачи на Европската Унија сметаме дека е многу важно да се одржи на дневен ред зачленувањето на Западно Балканскиот Регион во Европската Унија и согласно тоа би сакале да се забрза процесот на зачленување на Северна Македонија во Европската Унија.
Доколку господинот Премиер дозволи, само би сакал да кажам неколку зборови за минатите години, народите и државите на Западниот Балкан заслужуваат многу повеќе од она што сега го добиваат од Брисел. Морам да кажам дека овие држави би требало одамна да се членки на Европската Унија, Северна Македонија е кандидат за членство од 2005 година заедно со Хрватска започна. 2008 година заедно со Хрватите добија позитивно мислење, од тогаш Хрватите се веќе членка на Европска Унија, а со Македонија уште не се започнати ни преговорите за зачленување. Ова е огромна грешка од страна на Европската Унија која јас би ја карактеризирал како историска грешка и сега оваа грешка уште ќе може да се стави на квадрат, бидејќи Северна Македонија ќе биде подредена позади Албанија за зачленување, за што не гледам никакви причини. Ова ќе биде огромен предизвик за оваа Влада да се бори со овој нечесен став.
Да кажам неколку зборови и за билатералната соработка. Сакам да кажам дека ние во текот на летото веќе сега помогнавме со околу 50 пожарникари, помагавме во гасењето на шумските пожари со сериозна технолошка опрема. Се надевам дека нашите пожарникари добро работеа и успеа да ви помогнат. Ова го нагласувам, бидејќи ова е всушност наш одговор на помошта што ние 2015-2016 ја добиваме од Македонија во однос на мигрантската криза и ние тогаш станавме свесни дека Северна Македонија не е само една пријателска држава, туку има клучно значење за безбедноста на Унгарската држава. Бидејќи вашата држава се наоѓа на мигрантската патека и доколку вие не успевате да се изборите со илегална миграција, тогаш мораме ние сами тоа да го направиме и затоа е многу важно да вие имате успешна Влада која е способна да ја запре мигрантскиот бран и доколку има потреба во тоа имаме волја да ви помогнеме на сите начини. Ние денеска од нашите разговори заклучивме дека 2.004 полицајци досега учествувале заедно со македонските полицајци во обезбедување на јужната граница и 16.000 илегални мигранти биле спречени во влегување во Македонија и ова е убав пример за соработката. И ова е образложение дека Унгарија е подготвена за финансиска соработка и со тоа сакаме да придонесеме кон зголемување на безбедноста во Македонија. Нас ни е многу важно Северна Македонија да има стабилна и силна Влада која е способна да ги завршува своите работи.
Ние исто така сакаме да ви помогнеме во процесот на зачленување на Европската Унија, имаме свои искуства и позитивни и негативни и во тој контекст ние бараме од вашата Влада да ни назначи која е таа форма и начин на кој можеме да ви помогнеме. Унгарија располага со свои финансиски средства кои може да ги вложува во Македонија и македонските и македонската Влада е таа која треба да каже каде е потребна таа помош.
Унгарија исто така пружа помош и на полето на образованието, Унгарија дава стипендии на македонски студенти да студираат на територијата на Унгарија и би сакале ова да го продолжиме и понатаму.
Почитуван господине Премиер ве чекаме во Унгарија.