Првиот вицепремиер Меџити: УСАИД е вклучена во многу проекти во екологијата во Северна Македонија кои ја подобруваат животната средина

Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска на работна средба ја прими делегацијата на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) предводена од г-ѓа Јери Дибле, претставник за Северна Македонија.


Г-ѓа Јери Дибле ја изрази подготвеноста на УСАИД да ги поддржи проектите поврзани со подобрување на климатските промени и животната средина во земјата, преку различни програми, како и пренесување на позитивни искуства од различни земји во светот каде што работи Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).


Меџити се заблагодари на УСАИД за реализацијата на многу проекти во Северна Македонија, како и за интересот за соработка во приоритетните проекти на Министерството за животна средина и просторно планирање, поврзани со мерките против климатските промени и системот за мониторинг.


Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД) е присутна во Северна Македонија од осамостојувањето на земјата и ја поддржува земјата да стане економски поразвиено, демократско и инклузивно општество преку програми кои промовираат економски раст и конкурентност, зголемувајќи го ангажманот на младите да ја намалат невработеноста и да ја намалат корупцијата.
 
Со почит,