[Најава] Претседателот на Владата Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на ново ООУ Крсте Мисирков во населено место Ченто, Гази Баба

Почитувани,Ве известуваме дека денеска 18.10.2024 година (петок) во 10:30 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на ново ООУ Крсте Мисирков во населено место Ченто, Општина Гази Баба.

Проектот е во вредност од 169.992.752 денари, а опфаќа 30 кабинети со вкупен капацитет за настава во две смени за 713 ученици.

Предвидено е изјава за медиуми да даде претседателот на Владата, Мицкоски.

Го покануваме Вашиот медиум да ја проследи изјавата.

Со почит,

Календар Влада: 
Петок, Октомври 18, 2024 - 10:30 to 11:30