Заменик претседателот на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски присуствуваше на Манифестацијата "Фестивал на костенот", која веќе традиционално се одржува по 17ти пат во Општина Македонски Брод.
Манифестацијата се организира со цел промоција на костенот како производ што е најзастапен во Поречието, но се промовираат и еко производи кои се дел од чистата и незагадена животна средина на Општина Македонски Брод. Манифестацијата ја промовира и културата, традицијата и фолклорот во овој крај.
Вакви настани позитивно влијаат на развојот на руралниот туризам и ние како Влада преку програмите го подржуваме нивното одржување, а јас со своето присуство само покажувам колкава е поддршката од страна на Владата, особено на овие настани и Ве охрабрувам вака да продолжите - истакна Заменикот претседател на Владата, Димовски.