Премиерот Мицкоски во посета на Општина Јегуновце, каде ќе презентира неколку реализирани проекти
Почитувани, Ве известуваме дека утре 30.11.2024 година (сабота) во 13:00 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе ја посети Општина Јегуновце, при што ќе ги посети следните населени места:
- Населено место Туденце каде во тек е изградба на парк и кеj. Вредноста на проектот е 1.200.000 денари, средства од буџетот на Општина Јегуновце.
- Населено место Раотинце каде што е извршено комплетно реновиранье на внатрешниот дел на училиштето и поставуванье на термо фасада на надворешниот дел на цела училишна зграда. Средства за овој проект се обезбедени од буџетот на Општина Јегуновце, во висина од 1.000.000 денари.
- Населено место Јегуновце каде се врши комплетна реконструкција на локални улици во село Јегуновце и поставуванье на атмосферска канализација во должина од 3000 метри и асфалтирање на истите улици во должина од 3000 метри, со средства во висина од 37.000.000 денари обезбедени од Министерство за транспорт и буџетот на Општина Јегуновце.
Тука, предвидено е изјава за медиуми да даде претседателот на Владата, Мицкоски.
- Населено место Вратница каде се врши реадаптација на постоечки обект во ОУ„Симче Настоски", од интернат во градинка. Комплетното реновирање на внатрешениот дел на градинката е во вредност од 900.000,00 денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Jегуновце, а инвентарот е обезбеден од Министерство за социјална политика, млади и демографија.
Го покануваме Вашиот медиум да ја проследи изјавата на премиерот Мицкоски.
Со почит,