[Најава] Премиерот Мицкоски ќе одржи прес-конференција по состанокот на Совет на странски инвеститори
Почитувани, Ве известуваме дека утре 16.12.2024 година (понеделник) во 12:00 часот во Свечената сала ќе се одржи состанок на Совет на странски инвеститори со претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски.
По завршување, прес-конференција за медиуми во Медија центарот ќе одржи претседателот на Владата Мицкоски.
Ги информираме медиумите дека можат пред почетокот на состанокот да земат видео инсерти.
Го покануваме Вашиот медиум да ја проследи прес-конференцијата.
Со почит,
Календар Влада:
Понеделник, Декември 16, 2024 - 12:00 to 14:00