Министерот за економија и труд на Дурмиши оствари средба со претставници од Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје

Министерот за економија и труд на Република Северна Македонија оствари средба со претставници од Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје
Средбата беше одржана во рамките на иницијативите поврзани со програмата „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“, заеднички проект на Европската Унија и Советот на Европа, кој има за цел да ја поддржи усогласеноста на Северна Македонија со европските стандарди во процесот на европска интеграција.

На средбата беа презентирани тековните активности на Советот на Европа, со посебен акцент на проектот „Зајакнување на активностите против трговија со луѓе во Северна Македонија“. Проектот, кој е дел од „Хоризонталниот инструмент“, ги поддржува напорите за градење капацитети за спречување и борба против трговијата со луѓе, со посебен фокус на трудовата експлоатација.

Министерот ја истакна важноста на партнерството меѓу Министерството за економија и труд и Советот на Европа во насока на зајакнување на институционалните капацитети и подобрување на националните политики за борба против трговијата со луѓе. Државниот инспекторат за труд, како клучен чинител во овие напори, беше посочен како еден од приоритетните сектори за натамошна соработка.

Претставниците на Советот на Европа го изразија своето задоволство од досегашната соработка и ја истакнаа својата подготвеност за поддршка на Република Северна Македонија