Заменик претседателот на Владата, Арбен Фетаи, денес одржа воведно обраќање при презентирањето на Првото упатство за интегрирање на мерките против корупција во поглавјата и кластерите на преговорите со Европската унија. Овој проект, поддржан од Владата на Шведска и имплементиран од страна на UNOPS, е важен чекор во напредокот на нашата реформска агенда.
Потпретседателот Фетаи истакна дека борбата против корупцијата е врвен стратешки приоритет за Владата на Северна Македонија, со фокус на зајакнување на механизмите за спречување и справување со неа на сите нивоа.
Преку ова упатство Владата има за цел:
- Зајакнување на институционалните капацитети за идентификување и справување со ризиците од корупција;
- Создавање на модел на набљудувачки центар за следење на случаите на корупција, базиран на најдобрите практики на земјите-членки на ЕУ;
- Изградба на унифициран пристап на Владата и стандардизирани мерки кои ќе ги зајакнат транспарентноста, интегритетот и отчетноста.
Овие чекори се од клучно значење за приближување на Северна Македонија до стандардите на ЕУ и за враќање на довербата на граѓаните во државните институции.
Им благодариме на Владата на Шведска и на UNOPS за нивната постојана поддршка, како и на сите оние кои придонесуваат во овој трансформативен процес за гарантирање на европска иднина за нашата земја!