Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, со поздравно обраќање на третата седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерство за отворена власт 2024-2026

Денес, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, се обрати на третата седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерство за отворена власт за периодот 2024-2026 година.

Во своето поздравно обраќање, министерот ја истакна важноста на Партнерството за отворена власт како стратешка иницијатива за модернизација на јавната администрација и за обезбедување поефикасна, транспарентна и отчетна влада, која е во служба на граѓаните.

„Иницијативата за отворена власт има глобално значење и е клучен чекор во унапредувањето на довербата помеѓу граѓаните и институциите. Преку вклучување на јавните институции, граѓанскиот сектор и другите засегнати страни, создадовме платформа за активно учество и дијалог,“ - истакна министерот Минчев.

Тој истакна дека Министерството за јавна администрација, како водечка институција во оваа иницијатива, ќе продолжи да ги обезбедува сите потребни ресурси и координација за успешна имплементација на заложбите од Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година.

Во текот на обраќањето, министерот Минчев ја нагласи важноста на иновациите и креативноста во креирањето на нови идеи за идните планови, посочувајќи дека секој придонес од членовите на Советот е клучен за развојот на политики кои ќе бидат транспарентни, инклузивни и одговорни.

„Заедно, преку соработка и посветеност, ќе продолжиме да градиме поотворена и поефикасна јавна администрација која ќе биде во служба на сите граѓани,“ - заклучи министерот Минчев, изразувајќи благодарност до членовите на Советот за нивната посветеност и ангажман.

Министерот Минчев им посака успешна работа на членовите на Советот, потенцирајќи дека нивната експертиза и активна улога се клучни за остварување на целите на оваа важна иницијатива.