Мицкоски: Се пушти во употреба реконструираната спортска сала „25 Мај“ во Општина Радовиш

Најпрвин да ве поздравам, да ви посакам Среќна Нова година, Среќни Божиќни празници, тие коишто допрва ќе ги славиме. Да посакам здравје, нормално на вас и на вашите семејства, на граѓаните коишто нѐ следат. На сите оние коишто, нормално во изминатиов период беа со нас, на сите оние коишто ги слават овие празници и пост празнично еве носиме убави вести за граѓаните. Проекти коишто беа започнати, во рекордно време завршени. Нешто што претставува навистина за мене импозантен успех и за тоа би сакал да му честитам и на министерот за спорт и на градоначалникот на Општина Радовиш и на сите оние коишто беа вклучени во реконструкцијата на овој објект, да ја, од оној изглед којшто го имаше во минатото, изгледа навистина вака европски, репрезентативно. 

Очекувам голем дел одбојкарски, кошаркарски, ракометни репрезентативци да произлезат од овој објект. Пинпонгари се разбира, борачи коишто ќе го користат овој објект, затоа што Радовиш во минатото бил расадник на многу македонски спортски великани, така очекувам и во иднина да се продолжи. 

Ние како Влада ќе продолжиме да ги поддржуваме ваквите проекти. Спортот ни е во фокусот. Како што кажа и министерот, без инфраструктура не можеме да бараме и резултати. Значи многу е важно да ја имаме онаа базична, основна инфраструктура, согласно приоритетите на Владата и потоа и да очекуваме и да бараме резултати од оние коишто ќе ја користат оваа инфраструктура. 

Знам дека, и министерот за спорт на територијата на цела Македонија, и овдека во Радовиш, градоначалникот имаат исклучително амбициозна агенда. Едниот со спортската инфраструктура, другиот покрај спортската, има и градоначалнички приоритети. Инфраструктура којашто ја бараат радовишани се разбира, којашто им е потребна. 

Сега ќе го објавиме новиот повик. Некаде од прилика средината на јануари, крајот на јануари, втората половина на јануари којшто ќе трае три месеци и ќе можат општините, нормално повторно со проекти да конкурираат, а ние како Влада да ги финансираме во делот на инфраструктурата. 

Така што очекувам нови булевари, нови улици, нови канализации, нови водоводи, нови градинки, нови училишта, реконструкција на истите, нови спортски објекти и така натаму, и така натаму. Сакам да кажам дека остануваме посветени на она коешто го ветувавме на граѓаните. 

Уште еднаш на крај, да им честитам, дозволете ми, и на министерот за спорт и на градоначалникот и на сите коишто беа вклучени да овој објект вака изгледа. Знам колку и пратеничката се бореше во сиот овој период и во рамките на буџетот да бидат предвидени средства. Затоа сакам да им честитам на сите оние коишто учествуваа во реализацијата на овој и во реализацијата на минатите, но и на идните проекти овде за Општина Радовиш.