Фетаи во Гент, Белгија: Засилување на економската соработка меѓу Белгија и Северна Македонија

Заменик премиерот на Република Северна Македонија, Арбен Фетаи, одржа говор во Гент, Белгија, пред членовите на Белгиско-македонскиот бизнис клуб, на настан посветен на соработката меѓу Западна Фландрија и општина Куманово.

Во својот говор, заменик-премиерот Фетаи ги истакна одличните односи меѓу Белгија и Северна Македонија, со посебен акцент на успешните соработки во економскиот сектор. Тој ја истакна важноста на белгиските инвестиции во Северна Македонија, кои не само што придонесуваат за развојот на локалната економија, туку и ја зајакнуваат врската меѓу двете пријателски земји.

На настанот присуствуваа и г-ѓа. Хилде Де Саеделир, претседател на Белгиско-македонскиот бизнис клуб, г. Јоханес Хајдекер, советник на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, како и г. Методија Белевски, амбасадор на Република Северна Македонија во Кралството Белгија.

На крајот, потпретседателот Фетаи изрази благодарност до организаторите и учесниците на настанот, нагласувајќи ја важноста на промовирањето на вредностите на меѓусебниот бизнис и пожелувајќи им натамошен успех во напредувањето на економската соработка меѓу двете земји.