Филков на средба со амбасадорката на Хрватска, Тигањ: Хрватска е наш партнер за реформите во правосудството

Хрватска е наш партнер за реформите во правосудството

Средбата  со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ, е од клучно значење  за нашите напори за реформа на правосудниот систем, како и за борбата против криминалот и корупцијата.

Реформите во правосудството, измените на Кривичниот законик и на Законот за Судски совет кои ги планираме се суштински за создавање на праведно и транспарентно општество.

Министерот за правда Игор Филков и  амбасадорката Тигањ разменија искуства и мислења кои ќе ни помогнат во зајакнување на нашиот правен систем.

Хрватска има значајно искуство во правосудството и нивната експертска поддршка  ќе ни помогне да го забрзаме патот кон европските стандарди.

За нас, борбата против корупцијата и организираниот криминал е основа за стабилност и развој, и токму поддршката од  Република Хрватска, е важна за реализација на нашите цели.

Со заеднички напори, ќе продолжиме да работиме на зајакнување на правната држава и на градење на доверба кај граѓаните.