Јавен oглас Бр.03/2025 за именување на директор на Државниот просветен инспекторат
Врз основа на член 5 од Законот за просветната инспекција („Службен весник на Република Македонија“ бр. 52/2005, 81/2008 148/2009, 57/2010, 51/2011, 24/2013, 137/2013, 164/2013, 41/2014, 33/2015, 145/2015, 30/2016 и 64/2018) и член 27 од Законот за инспекциски надзор „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/2019 и 272/2024), Владата на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС Бр.03/2025
за именување директор на Државниот просветен инспекторат
1. Владата на Република Северна Македонија на предлог на министерот за образование и наука ќе именува директор на Државниот просветен инспекторат, орган во состав на Министерството за образование и наука, со мандат во траење од четири години, со право на уште еден последователен мандат.
2. За директор на Државниот просветен инспекторат може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
1) Да е државјанин на Република Северна Македонија;
2) Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
3) Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
4) Да има најмалку пет години работно искуство како наставник, стручен соработник или секретар во основно, односно средно училиште или во орган на управата надлежен за работите од областа на образованието;
5) Да има потврда или сертификат за положен испит за познавање на еден од четирите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски и италијански) на ниво Б2 од Европската референтна рамка за јазици, издадени од установа или институција во државата или од странство, регистрирана како давател на оваа услуга, не постари од пет години, освен за наставниците по предметот англиски јазик, француски јазик, германски јазик и италијански јазик.
3. За директор на Државниот просветен инспекторат може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf ,
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni_dokumenti_1.docx
4. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
1) Пријава по оглас;
2) Кратка биографија;
3) Мотивациско писмо;
4) План и програма за идна работа;
5) Уверение за државјанство;
6) Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
7) Диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
8) Доказ дека има најмалку пет години работно искуство како наставник, стручен соработник или секретар во основно, односно средно училиште или во орган на управата надлежен за работите од областа на образованието;
9) Потврда или сертификат за положен испит за познавање на еден од четирите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски и италијански) на ниво Б2 од Европската референтна рамка за јазици, издадени од установа или институција во државата или од странство, регистрирана како давател на оваа услуга, не постари од пет години, освен за наставниците по предметот англиски јазик, француски јазик, германски јазик и италијански јазик.
5. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување директор на Државниот просветен инспекторат“.
6. Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
7. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).
8. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.65/2024, 163/2024, 184/2024, 192/2024, 196/2024 и 227/2024).
9. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
10. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
11. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.