Јавен oглас Бр.05/2025 за именување на директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа

Институција која огласува: 
Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
21.02.2025

Врз основа на член 12 Законот за Државниот инспекторат за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/2010, 187/2013, 43/2014 и 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 3/2025) и член 27 став (3) од Законот за инспекциски надзор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/2019, 272/2024 и 22/2025), Владата на Република Северна Македонија објавува

 

ЈАВЕН  ОГЛАС Бр.05/2025

за именување директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа

 

1.    Владата на Република Северна Македонија, ќе именува директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа, орган во состав на Министерството за локална самоуправа, за време од четири години.          

 

2.   За директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа може да биде именувано лице кое:

1)   Има државјанство на Република Северна Македонија;

2)   Во моментот на именување со правосилна судска пресуда не му е изречена казна затвор или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;

3)   Има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;

4)   Има најмалку шест години работно искуство по дипломирањето, во соодветната област;

5)   Поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англиски јазик или сертификат и/или уверение со кој се потврдува познавањето на еден од трите најчесто користење јазици во Европската Унија – англиски, француски или германски најмалку ниво Б2 (В2):

-     ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода,

-     ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,

-     ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) најмалку Б2 (B2) ниво,

-     ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) положен,

-     БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или

-     АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2) и

6) Поседува потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

 

3.   За директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк

https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf  ,

https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni...

 

4.   Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:

1)   Пријава по оглас;

2)   Кратка биографија;

3)   Мотивациско писмо;

4)   План и програма за идна работа;

5)   Уверение за државјанство;

6)   Доказ дека во моментот на именување со правосилна судска пресуда не му е изречена казна затвор или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;

7)   Диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;

8)   Доказ дека има најмалку шест години работно искуство по дипломирањето, во соодветната област;

9)   Меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англиски јазик:

- ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода,

- ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,

- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal)

– најмалку Б2 (B2) ниво, - ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First)

– положен, - БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или

- АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2) или

10) Сертификат и/или уверение со кој се потврдува познавањето на еден од трите најчесто користење јазици во Европската Унија – англиски, француски или германски најмалку ниво Б2 (В2) и

11) Потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

 

5.   Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до aрхивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување  на директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа “.

 

6.   Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.

7.    Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).

8.   Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.65/2024, 163/2024, 184/2024, 192/2024, 196/2024 и 227/2024).

9.   Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.

10. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.

11.  Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

Пропратни документи: