Јавен oглас Бр.12/2025 за именување на директор на Државниот девизен

Институција која огласува: 
Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
12.03.2025

Врз основа на член 4 од Законот за девизната инспекција („Службен весник на Република Македонија“ бр. 89/2004, 24/2011, 43/2014 , 112/2014 и 83/2018), Владата на Република Северна Македонија објавува и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.16/25), и член 27 став (3) од Законот за инспекциски надзор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/2019 , 272/2024 и 22/2025), Владата на Република Северна Македонија објавува 

ЈАВЕН ОГЛАС Бр.12/2025 
за именување на директор на Државниот девизен инспекторат 

1. Владата на Република Северна Македонија, ќе именува директор на Државниот девизен инспекторат, орган во состав на Министерството за финансии, за период од четири години. 
2. За директор на Државниот девизен инспекторат, може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови, и тоа: 

  1. Да е државјанин на Република Северна Македонија; 
  2. Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност; 
  3. Да има стекнати 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование од областа на правото или економијата; 
  4. Да има најмалку пет години работно искуство во струката; 
  5. Да не е член на орган на управување или вработен во банка или штедилница; 
  6. Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање англиски јазик не постар од пет години: 
    • ТОЕФЕЛ ИБТ - најмалку 74 бода, 
    • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, 
    • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво, 
    • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен, 
    • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода, 
    • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2) или 
  7. Да поседува сертификат и/или уверение со кои се потврдува познавањето на еден од четирите најчесто користени јазици во Европската Унија - англиски, француски, германски или италијански на најмалку ниво Б2 (В2). 

3. За директор на Државниот девизен инспекторат, може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнителните критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк: 
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni_dokumenti_1.docx 
4. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација: 

  1. Пријава по оглас; 
  2. Кратка биографија; 
  3. Мотивациско писмо; 
  4. План и програма за идна работа; 
  5. Уверение за државјанство; 
  6. Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност; 
  7. Диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование од областа на правото или економијата; 
  8. Доказ дека има најмалку пет години работно искуство во струката; 
  9. Доказ дека не е член на орган на управување или вработен во банка или штедилница; 
  10. Меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање англиски јазик не постар од пет години: 
    • ТОЕФЕЛ ИБТ - најмалку 74 бода, 
    • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, 
    • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво, 
    • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен, 
    • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода, 
    • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2) или 
  11. Сертификат и/или уверение со кои се потврдува познавањето на еден од четирите најчесто користени јазици во Европската Унија - англиски, француски, германски или италијански на најмалку ниво Б2 (В2). 

5. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до aрхивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување директор на Државниот девизен инспекторат“. 
6. Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување. 
7. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, надзорните одбори и слични тела). 
8. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/25). 
9. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат. 
10. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија. 
11. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана. 

Пропратни документи: