Мицкоски: Започна изградбата на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова Нога“

Добар ден и од мене. Денес е посебен ден за Преспа. Овој граничен премин, како што и претходните говорници кажаа, е само уште еден чекор кон поврзување на двете Преспи, од едната и од другата страна на границата. Мислам дека ваквите примери се позитивни и за двете држави. Во таа насока, треба и понатаму да се градат односите, да се поврзуваме, затоа што само на тој начин можеме да бидеме во оптиката на поголемите држави.

Што се однесува до самиот настан денес, јас покрај ова што денес го отпочнуваме, изградбата на овој граничен премин, сум и во Ресен, заедно со градоначалникот, заедно со луѓето од Ресен, да посетиме неколку проекти коишто се резултат од работата на администрацијата, на градоначалникот. Навистина импресивно, и даваме поддршка за сето ова коешто се случува.

Инаку, што се однесува до техничките карактеристики, инвестицијата и сето останато поврзано со изградбата на овој граничен премин, ќе ми дозволите да се заблагодарам на Европската Унија, на УНДП, на општините коишто се опфатени-четири општини, две од Албанија, една од соседна Грција и една од кај нас Ресен, нормално. Така што еве очекувам набргу од денес и свечено биде пуштен во употреба овој граничен премин.