Груевски: Зборот, исполнетите ветувања, делата и вредностите не разликуваат од Бранко и Љубчо

Кој колку држи до зборот, по тоа кој колку исполнува ветувања, по тоа кој какви вредности поддржува и по многу работи има крупна разлика која граѓаните во минатото можеа да ја видат и да бидат сведоци, тоа се меѓу другите по кои, како што рече денеска премиерот Никола Груевски, се разликува од  Бранко Црвенковски и од Љубчо Георгиевски, по барање на новинарите да одговори по што се разликува од Црвенковски и од Георгиевски.

- По тоа кој беше вмешан во транзициските приватизации, шверцови, кршења на ембарга. Има многу работи по кои што се разликуваме. Се разликуваме по делата, по тоа кој какви дела остави зад себе, што е видливо и препознатливо, изјави Груевски по промоцијата на лабораторија за пресметување со високи перформанси, лабораторија за мобилни и мултимедиски апликации, серверска лабораторија и лабораторија за грид, паралелно и дистрибуирано процесирање.