ЈАВЕН ОГЛАС Бр.22/2025 за именување на директор/заменик на директорот на одделни Казнено поправни установи

Институција која огласува: 
Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
18.03.2025

Врз основа на член 30 од Законот за извршување на санкциите (''Службен весник на Република Северна Македонија бр. 99/2019, 220/2019, 236/2022 и 74/2024), Владата на Република Северна Македонија објавува

ЈАВЕН ОГЛАС Бр.22/2025
за именување на директор/заменик на директорот на одделни Казнено поправни установи

1.    Владата на Република Северна Македонија, ќе именува директор/заменик на директорот на одделни Казнено поправни установи, на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции, за време од четири години со право на повторен избор за следниве Казнено поправни установи и тоа за следните позиции:
    директор на Казнено поправна установа Казнено поправен дом Прилеп;
    заменик директор на Казнено поправна установа Казнено поправен дом Прилеп;
    директор на Казнено поправна установа Затвор Куманово со отворено одделение во Крива Паланка;
    заменик директор на Казнено поправна установа Затвор Куманово со отворено одделение во Крива Паланка;
    директор на Казнено поправна установа Затвор Битола;
    директор на Казнено поправна установа Затвор Струмица;
    директор на Казнено поправна установа Казнено поправен дом од отворен вид Струга;
    директор на Казнено поправна установа Затвор Скопје.
2.    За директор / заменик на директорот на Казнено - поправна установа, може да бидe именуванo лицe кое ги исполнува следните услови:
1)    да е државјанин на Република Северна Македонија;
2)    активно да го владее македонскиот јазик;
3)    да е работоспособен и да има општа здравствена способност;
4)    во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
5)    има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
6)    да има најмалку седум години работно искуство, од кои четири години во областа на извршувањето на санкциите или сродни работи и 
7)    познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски јазик) кое се докажува со сертификат од надлежна институција.

3.    За директор / заменик на директорот  на Казнено - поправна установа може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк: 
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf  
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni_dokumenti_1.docx

4.    Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
1)    Пријава по оглас,
2)    Кратка биографија,
3)    Мотивациско писмо,
4)    План и програма за идна работа,
5)    Уверение за државјанство, на Република Северна Македонија, 
6)    Доказ дека активно го владее македонскиот јазик,
7)    Доказ дека е работоспособен и да има општа здравствена способност,
8)    Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
9)    Диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати најмалку 240  кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,
10)    Доказ дека има најмалку седум години работно искуство, од кои четири години во областа на извршувањето на санкциите или сродни работи и
11)    Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски јазик) кое се докажува со сертификат од надлежна институција.

5.    Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување на директор/заменик на директорот на Казнено поправна установа - со наведување на позицијата за која аплицира“.  

6.    Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
7.    Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).
8.    Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/25).
9.    Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
10.    Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
11.    Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.