Веста објавена на одредени портали со наслов „Уште еден шофер на Брзата помош во Кочани доживеа удар“ е неточна, ве замолуваме да се внимава на изворот на информациите кои се шират

Почитувани,

Најостро ги осудуваме објавувањата на непроверени и неточно информации и ги замолуваме порталите во иднина пред да објават вест поврзана со пожарот во Кочани во кој животот го изгубија 59 млади луѓе да внимаваат на содржината.

Веста која вечерва на одредени портали се појави со наслов „Уште еден шофер на Брзата помош во Кочани доживеа удар“, е неточна.

Апелираме до порталите да ги проверат вистинските факти и извори на кои се повикуваат пред да објават било што и да не шират дезинформации со кои ја вознемируваат јавноста.

Објавувањето на дезинформации влијаат на психолошкото и ментално здравје и на семејството на жртвите и повредените, но и на сите граѓани кои се ужалостени од овој немил и трагичен настан.

Замолуваме за транспарентно објавување на информациите, а најрелевантни информации се оние коишто ги добивате од институциите коишто во моментот работат на целосно расветлување на случајот.