Во текот на вчерашниот ден остварив телефонски разговор со американскиот државен секретар за економија, Хауард Лутник - пријател на Македонија и докажан поддржувач на нашата земја, кој веќе еднаш го посети Скопје.
Во духот на блиското македонско-американско партнерство, потврдивме дека нашите односи се цврсти, пријателски и исполнети со заемна доверба, при што истакнав и дека стратешкото партнерство со САД е врвен приоритет за Владата.
Ја нагласив важноста на американската поддршка за стабилен и просперитетен Балкан, а посебно за прашањата кои се од витално значење за економската соработка.
Се согласивме да продолжиме да го развиваме стратешкото и економско партнерство помеѓу двете земји.