Добар ден и од мене.
Претходните говорници кажаа за што станува збор, за што сме денеска тука во Кавадарци. Мене ми е, би рекол, во последниве два, три месеци, трет пат како сум во Кавадарци, помеѓу кавадарчани.
Сакам да му честитам на градоначалникот, на советниците, на администрацијата за посветената работа што ја прават овде во Кавадарци. Да посакам уште многу вакви проекти.
Воедно, ја користам оваа прилика и да се заблагодарам на колегите од Владата коишто исто така допринесуваат не само во Кавадарци, туку и насекаде во Македонија да се реализираат проекти и тоа е добро. Тоа е добро кога се гради, затоа што многу работи треба да се изградат, да се завршат, да се обноват. Едноставно тука ја добивме довербата кај граѓаните и не смееме по ниту една цена да ја прокоцкаме таа доверба.
Ние како влада и јас лично ќе дадам сѐ што е возможно и сѐ што е во наша моќ да реализираме што е можно повеќе проекти, коишто ќе додадат вредност во животот на граѓаните на целата територија на државата, без разлика дали општината има градоначалник од владината коалиција, од ВМРО-ДПМНЕ, од ВРЕДИ, од ЗНАМ или пак е од опозициската СДСМ или пак од Демократската унија за интеграција или пак е независен и така натаму.
Така што, јас сум пресреќен што можам да видам дека се реализираат проекти. Дозволете ми да споделам со вас една убава вест, а тоа е дека, ме информираше Министерот за локална самоуправа дека заклучно со денеска, практично бидејќи имаше неколку денови оставени за по пошта да стигнат проекти, сите општини, 80 општини поднесоа апликации за реализација на проекти од вториот повик.
И можам да кажам дека сега имаме близу 900-тини само од вториот проект. Или кога ќе се соберат од првиот и вториот повик заедно, тогаш ќе имаме вкупно 1.200. Тоа се 1.200 градилишта во Македонија. Тоа е историска, би рекол вековна работа. И тоа го правиме за идните генерации, но и за денешните генерации кои што заслужуваат подобри услови за живот.
Ние ќе продолжиме да реализираме и во периодот кој што следи и очекувајте многу убави вести, следниве неколку месеци, за граѓаните и за Македонија како држава, бидејќи ќе повторам добро е да се гради, тоа е она за кое што не избрале граѓаните.
Сосема на крај, уште еднаш, благодарност до градоначалникот и до сите оние кои што денес беа со нас граѓани, кавадарчани, што беа исклучително добри домаќини.
Од тука продолжуваме во Моклиште каде што ќе промовираме уште неколку проекти за кои што зборуваа претходните говорници.
И она кое што, сосема на крај, сакам да го кажам, со среќа нека ни се овие проекти и уште многу вакви би рекол започнување и завршување на работи да ни се случуваат во годините кои што следат.