Добар ден и од мене.
Марија тоа многу добро го срочи, би рекол брилијантно и мислам дека сега многу појасно ќе биде на македонската јавност и на граѓаните се разбира што е тоа што Институтот за јавно здравје го нуди, што е сработено во овој период од неколку месеци, а мислам дека е сработено во историска смисла многу.
Разговаравме малку и за развојните планови во периодот којшто следи, она коешто можеби јас би ја дополнил е тоа што институцијата беше затекната со многу големи долгови, во една хаотична состојба. Тие долгови се сервисирани и сега не само што се сервисирани долговите туку имаме и заштеда и таа заштеда не е така мала, со таа заштеда ќе се реализира дел од развојните проекти во периодот којшто следи.
Така што јас сум исклучително благодарен на нејзиното водство во институцијата, на сите вработени коишто се дел од тимот којшто ги спомена директорката, на сите луѓе коишто се дел од Министерството за здравство, Фондот за здравство, тука е и директорот, заменикот-министер и останатите, се разбира и на колегите во Владата бидејќи реформите во здравството и сето она што планираме да го правиме се еден од нашите врвни приоритети, а не малку работи се случија и во овие би рекол нецели година дена од како сме избрани како Влада.
Така што уште еднаш честитам и посакувам што помалку луѓето да ги користат овие институции, но оние коишто имаат потреба од овие институции да ги добиваат услугите европски и да го добиваат на време.
Ви благодарам.