Честитка од премиерот Груевски до поглаварот на ИВЗ по повод почетокот на Рамазанските пости

ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИСЛАМСКАТА ВЕРСКА ЗАЕДНИЦА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи

          Почитуван претседателе на Исламската верска заедница во Република Македонија господин Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи,

Дозволете ми Вам лично, на членовите на Ријасетот, и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, од мое лично името и од име на Владата на Република Македонија да Ви го честитам започнувањето на Рамазанските пости.

Месецот Рамазан за Вас е месец на толеранција, љубов и добрина, време на заедништво, радост и хармонија. Времето на сериозна насоченост кон вредностите нека ви даде дополнителна мудрост, сила и концентрација. Нека времето поминато во пост Ви биде исполнето со молитва и многу чисти мисли и дејанија. Добрата мисла нека Ве води, ифтарската вечера нека ги сплоти сите ваши роднини, пријатели и познаници, а воздршката нека ги успокои Вашите срца, а празнувањето нека Ве доближи до Бога !

Во духот на вредностите кои ги сплотуваат сите верници, да продолжиме да дејствуваме во интерес на заедничките цели и приоритети, за добробит на граѓаните и развој на Република Македонија.

Испраќајќи Ви најискрени честитки, Ви посакувам Рамазан на секој Ваш дом да му донесе многу дарови, милост, бериќет и проштевање.     

                                                                                                    

            Со почит,

 

 

Никола ГРУЕВСКИ