Мицкоски: Инвестираме во секое населено место во Општина Брвеница

Би сакал да се заблагодарам на посветената работа што ја прави градоначалникот овде во Општина Брвеница. Неговата работа навистина е инспиративна. Повеќе од 90-тина проценти од програмата којашто беше зацртана е исполнета.

 

Ние како Влада, во рамките на проектот за финансирање на општините, поддржуваме проекти коишто ги изработи Општина Брвеница и тоа се проекти коишто се проекти за сите граѓани, во сите населени места, без разлика дали се тоа населени места каде што имаме мнозинско македонско население, албанско население, мешано население итн.

 

Мораме да разбереме дека поделбите не носат иднина. Мораме да разбереме дека обединувањето, заедништвото е тоа коешто треба да биде заеднички именител на сите жители овде во Општина Брвеница. Граѓаните да гледаат што се работи и што е сработено, а не да оценуваат врз основа на етничка припадност, политичка припадност или неприпадност.

 

Јас сум убеден дека со својата речиси четиригодишна работа, градоначалникот заслужи доверба на жителите на Општина Брвеница и по втор пат и заедно со Владата ќе направиме уште многу проекти во следниот четиригодишен мандат како градоначалник овде во Општина Брвеница.

 

Така што, Јоцо јас уште еднаш ти честитам за сето она коешто го работиш. Да се заблагодарам и на сите пратеници, коишто доаѓаат од Полошкиот Регион, коишто се борат за Општина Брвеница, за Полошкиот Регион, сите оние коишто придонесуваат за проект повеќе за подобри услови за живот за жителите на Брвеница и за жителите во Полошкиот Регион.