Заменик-претседателот Фетаи: Унапредување на партнерството со Црна Гора клучен за регионалниот развој

Заменик претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење Арбен Фетаи беше домаќин на средбата со министерот за јавна администрација на Црна Гора, г. Мараш Дукај, за време на неговата официјална посета, со цел продлабочување на билатералната соработка. На почетокот на средбата беше нагласено дека одличните односи меѓу Северна Македонија и Црна Гора претставуваат пример за регионот, со потенцијал за унапредување преку соработка во реформата на јавната администрација, дигиталната трансформација и информациската безбедност.
За време на средбата беа истакнати можностите за размена на искуства, обезбедување експертска поддршка и организирање студиски посети за службениците, што би ја зголемило ефикасноста и транспарентноста на јавната администрација во двете земји. Двете страни изразија заедничка посветеност за реализација на овие иницијативи.
Заменик-премиерот Фетаи како и министерот Дукај изразија подготвеност за продолжување на соработката преку заеднички програми и проекти, кои ќе ги зајакнат врските меѓу двете земји и ќе го поддржат одржливиот развој во регионот. Оваа посета го потврдува посветувањето на Северна Македонија за унапредување на партнерството со Црна Гора, засновано на заеднички вредности и интереси за просперитет на двете нации.