Словачка додели стипендии за универзитетски студии на македонски ученици
Министерот за обрaзование и наука Панче Кралев и словачкиот амбасадор во Македонија Роберт Кирнаг вечерва доделија стипендии за универзитетски студии на македонски ученици кои ќе го изучуваат словачкиот јазик и ќе студираат во Словачка.
Кралев и Кирнаг на стипендистите им честитаа за добиената можност за едукација и им посакаа успех.
Дел од учениците кои добија стипендии од Словачката aмбасада се Лора Тодорчевска (биохемија), Дајана Димитриевска (управување со водата во комуналната сфера), Иван Стојанов (машинска индустрија), Димитар Рилков, Ениса Рушити...
Словачката амбасада веќе неколку години доделува стипендии за македонски ученици, кои добиваат можност за студирање на универзитетите во Словачка.