Промовиран проект Патент.мк, ќе се стимулира заштитата и регистрацијата на иновациите
Стимулирање на заштитата и регистрацијата на патентите, како и поголема промоција на иновациите, особено на тие што се резултат на соработката на истражувачите и стопанството, треба да обезбеди проектот ПАТЕНТ.МК, што го промовира денеска Министерството за образование и наука (МОН).
Министрите за образование и наука и за економија Панче Кралев и Ваљон Сарачини на прес-конференција истакнаа дека проектот треба да овозможи соработка на бизнис заедницата и истражувачите и да ја стимулира иновативната работа. Тоа, посочија, ќе резултира со поттикнување на конкурентноста во стопанството и негов развој, отворање работни места и поголема валоризација на трудот и знаерњето на истражувачите.
На Патент.мк ќе бидат поместени содржини и алатки кои ќе обезбедат основање иновативна база, како и јавни дискусии и прибирање податоци. Преку него ќе се промовираат достигнувањата од областа на научно-истражувачката работа на истражувачите од високообразовните и научни установи. Системот ќе овозможи внес на потребните иноформации поврзани со регистрираните патенти (иновативните пронајдоци), во Заводот за индустриска сопственост или во која било друга странска институција за регистрација на национални и меѓународни патенти.
- За почетните потреби на проектот е изработен софтвер кој овозможува детален приказ на начинот на кој моментно во Република Македонија може да се заштити една иновација, какои форуми за дискусија помеѓу индивидуи кои се вклучени во оваа област, кои се дел од академската заедница или приватно креираат иновации, рече Кралев.
Освен софтверот, додаде, планираме да направиме детална аналзиа од аспект на тоа каде може да се зголеми материјалот во академските содржини на факултетите со цел студентите да се запознаат повеќе со обрските и правата кои се поврзани со предметот интелектуална сопственост. Ќе има и промени на Законот за високо образование со кои ќе се создаде правна рамка за универзитетите за правата од интелектуална сопственост. Ќе треба да се овозможи регулирање на односите кои произлегуваат при креирање иновација и кој каква заслуга ќе има во тоа.
Според министерот Сарачини, клучен предизвик за сите е заедничќка постевеност за поттикнување повеќе иновации кои ќе бидат генератори на економскиот раст на Македонија, а со тоа и отворање нови работни места.
- Проектот треба да придонесе кон приближување на понудата на научно знаење од универзитетите и побарувачката на иновации бизнис секторот, кој го сочинуваат компаниите, но и малите и средни претпријатија кои сами не можат да си дозволат значителни финансиски средства за истражување, рече Сарачини.
Тој апелира иноваторите и инвеститорите да го користат порталот патент.мк, како медиум од кој би имале заедничка полза. Компаниите, укажа, ќе добијат пристап до идеи и решенија кои би можеле да ги направат нивните производи поконкурентни и поиновативни, а научниците и истражувачите вистинска валоризација на нивниот труд и знаење.
Професорката од Правниот факултет Јадранка Дабович Анастасова нагласи дека особено треба да се обрне внимание на тоа како бизнис заедницата да се поврзе со универзитетите, односно како софистицираните лаборатории од факултетите би се ставиле во функција на малите и средни претпријатија.
- Едноставно мора бизнис заедницата да сфати дека вредноста на нивниот капитал се зголемува со правата од интелектуална сопственост. Ако дадете во залог трговска марка или објект во кој е инкорпорирано право од интелектуална сопственост тогаш неговата цена ќе биде многу поголема и ќе можете да го развивате својот бизнис, наведе Дабович Анастасова.