Ставрески: Македонија вложува долгорочно во креирањето конкурентна економија и млади, стручни кадри
Македонија сериозно вложува во образованието. Тоа е една од клучните инвестиции на долг рок што ќе овозможи создавање млад, стручен кадар, подготвен да се справи со конкуренцијата на европскиот, отворен пазар, и воедно услов за сигурен економски раст, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во разговор со учениците од гиманзијата „Нова“ кои денеска го посетија неговиот Кабинет.
Според Ставрески, само држава со конкурентна економија и стабилен реален сектор може да го спречи т.н. одлевање на мозоци и стручни кадри.
- Македонија изминатите четири години го удвои буџетот за обвразованието. Нашата цел е инвестирање во иднината на земјата и нејзино што е можно подобро позиционирање следните 10 до 15 години. Многу е важно младите да бидат конкурентни на пазарот кога ќе бараат работа. Тоа значи повеќе и дологорчни вложувања, да им се овозможи воедно и на невработените да се обучат и да ги подобрат своите вештини, истакна Ставрески.
Техничкото образование, иновациите, информациско-комуникациската технологија и странските јазици, додаде, се меѓу најбараните струки денес.
- Често зборуваме за тоа, што со нашиот образовен систем за работниците да бидат поконкурентни на пазарот на труд, што бараат компаниите. Земјите кои имале висок степен на развој кога влегле во ЕУ се соочиле со емиграција на вработени, но по кратко време им се вратиле назад. Држави како нашата, Романија или Бугарија, повеќе се соочуваат со ова прашање. Не мислам дека тоа би се решило со какви било рестрикции, напротив, само ако ја направите конкурентна економијата и му овозможите на привтаниот сектор да отвори повеќе работни места. Конкурентноста е единствениот начин да се решат овие прашања, нагласи Ставрески, одговорајќи на прашања од учениците.
Тој посочи дека за Македонија како мала економија, нема подобар начин за развој и просперитет од отворање на границите. Објасни и како земјата се справи со економската криза, како продолжи посветено и интензивно да ги спроведува реформите што беше валоризирано и во последниот извештај на Светска банка.
- Македонската Влада се обиде да штеди за време на кризата во сфери кои не влијаат на растот, на непродуктивните или помалку продуктивните трошоци. Притоа, со добри агрументи требаше да го брани својот став пред институциите. Истовремено продолживме со реформите. Целта беше да ја напрвиме земјата подобра бизнис дестинација. За мала, релативно непозната држава, многу е важно да биде подобра од друга за да привлече инвеститори. Вложивме многу во подобрување на бизнис климата и сега сме многу успешни. Меѓу светските реформатори сме треторангирани, објасни Ставрески.
Политичарите треба да имаат долгорочна визија, да носат конретни, јасни одлуки, посебно во услови на криза, за да се движи земјата напред.
- За време на криза сите треба да бидат одговорни. Ние се однесуваме одговорно, нашиот буџетски дефицит последните две до три години беше 2,5 отсто, најнизок во Европа после Шведска. И нашиот јавен долг е само 26 проценти, посочи министерот за финансии.
Коментирајќи ги актуелните случувања во ЕУ, Ставрески истакна дека на Македонија и регионот главен трговски партнер им се токму земјите од Унијата па секое стагнирање на нивните економии ќе се одрази и тука. За земјава и политички и економски е многу битно да стане дел од ЕУ.
- Веруваме во иднината на Европа. Ни се допаѓа европскиот концепт на слободен и унифициран пазар. Предизвици има, но ЕУ ќе најде начин да се справи со нив. Се надеваме дека европските економии во 2012 ќе бидат способни да обезбедат раст, а во 2013 и 2014 дека ќе се вратиме на нивото од 5 до 6 отсто што е можно, зашто веќе го постигнавме во 2007 година, подвлече вицепремиерот.
Пакетот усвоен од европските земји во врска со кризата во Грција, оцени, дојде прекасно и е премал. Ќе помогне да го избегнат банкротот на јужниот сосед, но нема да ги реши проблемите.
- Мерките задоцнија 6 месеци, време за кое многу земји се вовлекоа во таа криза па сега е потешко да се решат последиците. Изгубена е довербата, а за тоа да се поправи потребно е многу време и напор. Неопходно е зголемување на стабилиноста на фондовите за да интервенираат во земји како Иатлија или други поголеми економии. Има и потреба од долгорочно решение за поконвергетнтна фискална политика и фискални правила, констатира Ставрески.
ЕУ зоната не може да опстане ако една земја има стриктни фискални правила, а друга 14 проценти буџетски дефицит и не почитува никакви фискални правила.
- Ако имате заедничка валута, треба да имаате и заедничка фискална политика, како и да се придржувате кон неа. Тоа бара политичка согласност и промена на правилата што не е лесна задача, но е единствен начин за продолжување со политиките за успешна и конкурентна еврозона, рече министерот.
Ставрески пред учениците гости од Германија, Франција, Белгија, Бугарија, објасни и како дошол на функцијата што денес ја извршува. Им порача, ако сакаат да бидат успешни, да го сакаат тоа што работат, да бидат посветени, постојано да се едуцираат и дообучуваат, максимално да се вложуваат.