Попоски: Очекуваме објективен извештај, почеток на преговорите и поддршка од соседите
Министерот за надворешни работи Никола Поповски денеска во Кавадарци изјави дека од Европската комисија во октомври очекува објективен извештај за напредокот на Македонија и оти почетокот на пристапните преговори се наметнува како потреба и за ЕУ доколку Брисел сака да го задржи кредибилитетот.
- Во делот на извештајот вчера имавме претсостанок на пристапниот дијалог на високо ниво, комесарот Филе беше во Македонија конкретно разговаравме за најголемите остварувања по оние клучни реформи кои ги имаме било да се врзани за реформите во судството, медиумите, борбата потив корупцијата, она што го правиме како реформи во јавната дадминистрација, економскиот дел. Сметаме дека и по овие прашања и во делот на политичките оценки и во делот на применување на европските стандарди Македонија никогаш не била поподготвена отколку што е сега. Во тој контекст очекуваме дека треба да добиеме еден објективен извештај кој ќе ни укаже на сите полиња на кои имаме најголем напредок, но ќе ни помогне и во следниот период да можеме да се фокусираме на некои дополнителни реформи, истакна министерот Попоски.
Посочи дека Македонија веќе четири години е подготвена целосно да ги почне преговори со Унијата.
- Мислам дека сме дојдени до една фаза кога почетокот на преговорите со Македонија се наметнува и како потреба за Европската Унија доколку сака да го задржи кредибилитетот. Наша цел е да продолжиме да ги правиме сите реформи, тие се пред се за нас не за исполнување на било чии желби и така и ќе продоллжиме во следниот период, но очекуваме и политичкте лидери во земјите членки на Европската Унија, вклучително и онаа која досега ни го направи тој пат потежок да дадат придонес за целосна интерграција на Балканот. Ние очекуваме дека во овој период треба тоа да надвладее, заедничкиот интерес особено во период на една сериозна економска криза-рече Попоски.
За добрососедските односи, прашање што вчера во Скопје го отвори еврокомесарот Штефан Филе, шефот на дипломатијата истакна дека Македонија гради добри односи со соседите, нуди иницијативи и проекти, работи на создавање позитивна клима на Балканот, и очекува тоа да биде препознаено во претстојниот извештај на Европската комисија.
- Добрососедските односи се логичен дел и од европската интеграција. Најлогично е во најголемиот мировен проект кој е Европската унија да се даде особено значење на односите кои ги градиме со нашит најблиски соседи, пошироките соседи и со станатите земји членки на ЕУ. Така било од самиот почеток, така е и сега. Од наша страна, сметаме дека најклучна страна во градење на тие односи е отвореноста, заедничките инвестиции и поврзувањето. Затоа и се фокусираме на изградба на автопати, железнички пруги, стимулирање на проекти кои ја поврзуваат соработката преку граница, изјави Попоски.
Во контекст на европската интеграција, нагласи дека и оние земји кои се веќе дел од ЕУ и оние кои се на пат да влезат имаат исти интереси.
- Очекуваме од сите нашти соседи, особено оние кои се внатре во ЕУ да посветат повеќе внимание на конкретни проекти. Мислам дека тоа треба биде препознаено и во претстојниот извештај на Европската комисија, ние го очекуваме во октомври, и во меѓувреме, и пред и после тоа, ќе работиме на создавање што е можно попозитивна клима на Балканот, вели министерот за надворешни работи.
Според него, и во претстојниот извештај на ЕК, како и во сите претходни ќе биде посветено поглавје, како да се подобри добрососедската клима на Балканскиот Полуостров.
- Република Македонија е земја без излез на море, на средината на Балканот и автоматски сме изложени на сите наши соседи и наведени на соработка, нашиот пристап е искрен, сакаме да се фокусираме што е можно повеќе кон иднината, она што не поврзува, а да ги оставиме оние работи, поделби и конфликти, кои во минатото за жал биле предоминантна димензија, изјави минсиерто за надворешни работи Никола Попоски, кој денеска заедно со дипломатскиот кор ја посетија винаријата „Тиквеш“.