Заврши проектот за воспоставување квалитетна инфраструктура за метрологија
Јакнење на капацитетите на Бирото за метрологија во делот на научна и индустриска метрологија, усогласување на македонското законодавство од оваа сфера со она на ЕУ, за да се надминат техничките бариери и да се подобри трговијата преку подобрување на метролошката структура во земјата, беше целта проектот „Техничка помош за јакнење на капацитетите на Бирото за метрологија“, што се спроведуваше во изминатите дваесеттина месеци.
Проектот е финансисран со 548 илјади евра од фондовите на Европската унија.
Амбасадорот на ЕУ во Македонија Аиво Орав на конференцијата по повод завршувањето на проектот истакна дека тој е уште еден дополнителен чекор во приближувањето на законодавството во земјата кон политиките на ЕУ и стандардите во рамки на слободното движење на стоките.
- Ефикасната и одржлива национална инфраструктура е важен предуслов за слободното движење на стоки во рамки на државата и улогата на метрологијата е важна во овие рамки. Мерките ги допираат сите аспекти на нашето секојдневие, тие ни овозможуваат подобар квалуитет, поголема безбедност, зачувување на здравјето, а и економијата ја прават поконкурентна. Мерките се клучни за производството, контролата, комуникациите... Точните податоци кои се засноваат на веродостојни мерки се можне важни, рече Орав.
Тој додаде дека со проектот се овозможило калибрациските сертификати од лабараториите да бидат признаени од соодветните органи во земјите на ЕУ, а намалени се и трговските бариери со што се отвараат нови перспективи.
Министерот за економија Ваљон Сарачини, смета дека со реализацијата на овој проект се придонесува за остварување на еден од најуспешните стратешки проекти на Европската унија - слободното движење на стоки, како еден од столбовите на единствениот пазар.
- Преку неговото остварување се воспостави структура за квалитетен и развиен метролошки систем, што значи дека се надминати сите технички бариери за функционална трговија, истакна Сарачини.
Според директорот на Бирото за метрологија Димитар Парнаџиев, мерењето е многу важно без разлика за која област станува збор дали за анализи, текстови, калибрација, контрола на технолошкиот процес...
- Многу е важна довербата во резултатите кои се добиваат од мерењеата. Заради тоа е мошне значаен овој проект со кој се зајакнаа капацитетите и компетентноста на Бирото, рече Парнаџиев.
Во рамки на проектот, во делот на стратешкото ориентирање за натамошен развој на метролошката инфраструктура во земјата и развој на Бирото на па патот кон интегрирање во ЕУ, е направено и истражување на националните потреби во делот на законска и научна метрологија и проценка на потребите на корисниците на метрологија.